Пресек до 11 часот: 229.473 граѓани го оствариле своето право на глас

Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 11 часот е 12,78 отсто или гласале 229 473 гласачи.

Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 3 416 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава. Невообичаено за ДИК, доцни со обработката на податоците. 

24.04.2024 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега