Познат идентитетот: Двајца лекари и еден техничар загинаа пред Прилеп

 

Двајца лекари и еден техничар утрово настрадаа во тешката сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Битола откако директно се судрија со камион кој пренесувал лесно запаливи материи. Со повреди се здобил возачот на камионот.

По судирот избил силен пожар од кој биле опожарени и двете возила, а во негово гасење интервенирале три противпожарни возила. Тројцата загинати оделе кон своето работно место во приватна здравствена установа во Битола.

Случајот во итната медицинска помош бил пријавен 10 тина минути пред 8 часот, а екипите на терен констатирале смрт кај тројцата патници во возилото марка „тојота“. Од СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од 42 годишниот Н.В. и сопатници А.Р и Ф.Ј.сите од Прилеп.

Камионот „волво“ кој учествувал во несреќата бил со скопски регистарски ознаки управуван од 51 годишниот Г.Р од Битола. На место на несреќата увид извршиле екипите од МВР и основното јавно обвинителство.

Од 8:00 часот утрово сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци.

03.10.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега