Близок соработник на Палевски: Забележав вдлабнатина на возачката врата

 


Сведочењето на Ерол Османи, кој имал долгогодишна соработка со обвинетиот Љупчо Палевски, денеска внесе нова димензија во судењето за двојното убиство. Како човек кој го познава Палевски долго време.

На прашање од Обвинителството за средбата на 28 ноември минатата година, Османи објасни дека Палчо му се јавил претходниот ден и ја одложил посетата заради настинка.

„Ми рече дека е настинат и не можел да дојде на 27-ми“ рече Османи.

Според него, Палчо пристигнал кај него на 28-ми ноември со бело возило.

„Беше некое пикап бело, мислам француско возило. Забележав вдлабнатина на возачката врата,“ додаде тој.

20.11.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега