Ден по грабнувањето на Вања, Палчо поправал котел за пелети на пријател

 

Ден по грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, првообвинетиот во слуајот, Љупчо Палевски Палчо поправал котел за пелети на негов пријател и се однесувал нормално.

Ерол Османи, човек кој со Палчо се познавал од 2000 година, кога му помагал во издавањето на дневниот весник Глобал пред судот рече Палевски се жалал оти на денот на грабнувањето бил настинат и се чувствувал „како да го згазил камион“.

Купил и котел за пелети од Палчо, кој често доаѓал за да го сервисира.

-Средина на ноември лани, на 27.11 го барав на Фејсбук, месинџер, бидејќи не ми одговараше на телефон. Дојде на 28 и го среди котелот. Ми кажа дека бил преладен претходниот ден. Кога дојде, добар беше. Ништо не рече за 27 ноември – рече Османи.

Комуницирале на 27 и Палевски тврдел дека бил преладен “како да ме згазил камион, но одлежав неколку часа и подобро ми е”.

Сведокот го испитуваше и Палевски и го прашуваше дали е сигурен за времето кога дошол кај него, но сведокот кажа дека тоа било времето.

 

20.11.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега