Станува студено: Викендов услови за првиот снег и во Скопје
Студени утра и нешто пониски температури се најавуваат до крајот на овој месец. Во текот на денешниот ден се очекуваат и врнежи од дожд за што веќе е издадено и жолто предупредување од УХМР
„Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 литри на квадратен метар) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места. На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер, и над 70 километри на час“, соопшти УХМР.
Дождовите се очекува да се задржат до крајот на работната недела, додека викендот треба да донесе разведрување. Тоа дополнително ќе ги спушти температурите па наутро ќе се будиме на минус 5 до минус 7 степени а максималните дневни температури се очекуваат околу 10 степени. Слично време се очекува и во текот на идната работна недела. Некаде до пред стартот на викендот ќе имаме повремено облачно време со ниски утрински температури и дневни кои ќе надминуваат 10 степени. За викендот кој ќе го заврши месецов повторно се најавува дожд во котлините и снег на планините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа