Повеќе од 60 проценти од Французите веруваат дека работата е извор на стрес

 

Според истражување спроведено од истражувачкиот центар Толуна, 61 отсто од Французите сметаат дека работата е извор на стрес, додека 22 отсто тврдат дека нивната професионална активност негативно влијае на нивното ментално здравје.

Во исто време, 74 отсто од вработените својата работа ја гледаат како можност за напредување.

Истражувањето покажа дека жените се повеќе погодени од стрес, особено оние на возраст меѓу 45 и 54 години, при што 72 отсто од нив изјавиле дека нивната работа ја сметаат за извор на стрес, наспроти 57 отсто од мажите на иста возраст, јави денеска француската телевизија БФМ.

05.02.2025 - 22:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега