УХМР со најнова прогноза: Се враќаат минусните температури
Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.
Утре минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1 степен, а максималната од 3 до 12 степена.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.
05.02.2025 - 12:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа