Познато кога започнува исплатата на средствата од “МојДДВ”

 


Управата за јавни приходи информира дека согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се реализира во тек на месец февруари.

Од УЈП споделија и кои се најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:

– Погрешно внесена трансакциска сметка

– Внесена трансакциска сметка на друго лице

– Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка

– Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната

Доколку имате потреба од поддршка или информации, јавете се во Контакт центарот на УЈП на следните броеви, од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200, или преку меил-адреста [email protected].

05.02.2025 - 14:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега