Портокалова тревога: Обилни дождови и силен ветер во Италија


Италија денеска беше погодена од обилни дождови и силен ветер, а портокаловата метеоролошка тревога е во сила во два региона – Емилија Ромања и Пиемонт.

Во северозападниот алпски регион Вал д’Аоста повеќе од 6.000 луѓе, кои живеат во горните делови на долината Гресони,се изолирани од неделата поради лавини, јавува „Анса“.

Жолтата метеоролошка тревога е во сила во 13 италијански региони – Абруцо, Базиликата, Калабрија, Кампанија, Молизе, Пуља, Лацио, Ломбардија, Сардинија, Сицилија, Тоскана, Умбрија и Венето.

Одрони има во регионот Лигурија во северозападна Италија, во Џенова и неговата околина.

04.03.2024 - 14:05


Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега