Поради посетата на финската премиерка посебен режим на сообраќај во Скопје

 

Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.

-Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти  МВР.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

 

20.06.2022 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега