Полска ја истражува смртта на мајката и детето на траектот, постои сомнеж за убиство

 

 

Полскиот јавен обвинител ја истражува смртта на мајката и детето на траект под сомнение за убиство, изјави официјален претставник за ДПА во саботата.

Седумгодишно момче и неговата мајка паднаа во Балтичкото Море додека пловеа на траект од Полска за Шведска, а првичните информации беа дека детето паднало од траектот, па неговата мајка скоскнала за да го спаси. По опсежната спасувачка операција, двајцата беа пронајдени во морето по еден час и со хеликоптер беа префрлени во болница, каде подоцна починаа.

Случајот доби пресврт со изјавата на портпаролката на окружното обвинителство во Гдањск, која изјави за ДПА дека сега се води истрага за „убиство на детето и самоубиство на мајката“. Таа не соопшти никакви дополнителни детали.

Во петокот и шведското обвинителство објави дека отворило прелиминарна истрага за убиство.

Сомнежите се отвориле откако бил прегледан материјалот од видео надзорот на траектот.

02.07.2023 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега