Полицајци убија маж во инвалидска количка во САД - се исплашиле дека ќе ги гаѓа со нож
Група од неколку полицајци од Калифорнија застрелаа маж во инвалидска количка на кој му беа ампутирани двете нозе.
Како што може да се види од снимката што ја пренесе „Дејли Мејл“, човекот скокна од инвалидската количка и се обиде да побегне од местото на настанот.
Тројца полицајци се снимени како пукаат најмалку осум пати во Ентони Лоу Јуниор (36).
Според полицијата, Лоу претходно неиспровоцирано удрил некого и се обидувал да им побегне на двајца полицајци. Додека се обидувал да побегне, држел голем месарски нож во едната рака. Потоа пристигна уште едно полициско возило и трет полицаец излезе.
Најпрвин полициските службеници употребиле електричен шок пиштол, кој немал ефект, се вели во полициското соопштение. Се додава дека осомничениот се обидел да фрли нож кон полицајците.
По пристигнувањето на третиот офицер, за само 15 секунди испукале истрели во горниот дел од телото на Ентони Лоу. Додека лежел на земја, свртен кон земјата, му биле врзани лисици.
Лоу почина на местото на настанот. Неговото семејство сега бара одговорност од полицијата. Службениците вклучени во инцидентот се уште не се именувани. Засега против нив не е преземена официјална постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа