Пола Скопје денеска ќе нема струја
Корисниците од дел од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Осло“ во општина Карпош денеска од 9 до 12 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што соошти ЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 11 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. „Александар Урдаревски“, блиску до клучката со обиколница, во општина Бутел.
Од 9 до 12 часот, електрична енергија ќе немаат и корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 16 во општина Кисела Вода, а во периодот од 8 до 15 часот и корисниците од дел од село Долно Лисиче околу пекарата „Орешка“ во општина Аеродром.
17.02.2025 - 07:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа