Ја усмрти Милица возејќи џип со 2,05 промили - Укината пресудата за синот на бизнисменот во Србија

 

Апелациониот Суд во Нови Сад ја укина првостепената пресуда со која 32-годишниот Огњен К. од Темерин е осуден на 5 години затвор, за сообраќајната несреќа во која загина 28-годишната девојка Милица Миличевиќ од Нови Сад, а тешко беше повредено нејзиното момче, 26-годишниот Зоран јанковиќ, додека двајцата се возеле на мотор.

Во повторената постапка наложено е да се изнесат сите докази и да се испита заклучокот на вештаците, а по потреба да се изнесат и нови докази.

За потсетување, Огњен К. на 13 јуни 2024 беше прогласен за виновен за сообраќајната несреќа со смртни последици и доби затвор од 5 години. 

Несреќата се случи ноќта меѓу 7. и 8. август 2021 по полноќ кога возачот со Ренџ Ровер налетал на младите лица кои биле на скутер.

Не застанал по несреќата, туку го напуштил местото на настанот.

Набрзо бил пронајден по регистерските таблички, а при алкотестирањето измерени му се 1,77 промили алкохол, додека резултатот од крвта покажал 2,05 промили.

Огњен К. според пишувањата на српските медиуми е син на бизнисмен од Темерин, за кој мештаните претходно не сакале да говорат, бидејќи како што пренесуваат медиумите од Србија, се плашеле.

И мајката на Огњен загинала во сообраќајка пред 20 години, кога на неа налетал камион.

 

16.04.2025 - 08:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега