Покачувањата на функционерите ќе трошат 80 милиони денари месечно од парите на граѓаните
Државата ќе мора секој месец да наоѓа околу 80 милиони денари месечно за да ги исплати новите покачени плати на функционерите. Ова е проценката на министерот за финансии Фатмир Бесими, кој кажа дека покачувањата ќе бидат за околу 1.000 функционери меѓу кои политичари, обвинители, директори, пратеници.
„Не сме имале начин како да знаеме за одлуката на Уставен суд. Околу 1.000 функционери се. Околу 80 милиони денари на месечно, на годишно ниво се 960 милиони денари“, рече Бесими.
Парите се непланирани. Ќе се крати од други места, но не се кажува од кои буџетски ставки.
„Се врши пренамена од други позиции. До крајот на годината во однос на ова законско решение, ќе треба да го примениме законот. Секоја институција треба да си направи пресметка. Овие пари ги нема во буџетот бидејќи не е план на Владата туку одлука на Уставен суд“, вели Бесими.
Иако постоеја најави дека ќе има напори за да не се зголемат платите за 78 отсто со одлуката на Уставен суд – тоа не се случи.
Претходно, руби се пожали дека, и покрај зголемувањето, има најмала плата, Бектеши не сакаше да каже колку зел оти не бил на училиште.
Досега во Собранието нема предложени измени на законот со кој ќе се спречи енормното зголемување на платите за избраните и именуваните функционери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа