Почна невремето во Скопје, се очекува ветер од над 60 километри на час

Почна невремето во Скопје, на повеќе места заврна дожд, проследен со грмежи.

Управата за хидрометеоролошки работи за попладне најавува нестабилно време на повеќе места.

„Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град“, предупредува УХМР.

Во делови од Скопје попладне се очекува нестабилно време со интензивен пороен дож, грмежи, силен ветер и појава на град.

24.07.2024 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега