Почина кочанчанец, паднал додека работел на кровот од својата викендица

Вчера во 18.13 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на планината Осогово, М.А.(61) од Кочани, додека работел на кровот од својата викенд куќа, паднал и починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош Кочани била констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

23.06.2024 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега