Голем број градови во државава останаа без струја, ангажирани тимовите на ЕВН

Невремето кое ја зафатаи државава предизвика прекин во електричната енергија во голем број градови.

Од ЕВН Македонија информираат дека во моментот без електрична енергија се делови од Ѓорче Петров, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат, Тетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, Сетоле, Сарачино, Желино, Гостивар - Дебреше, Врањовце, Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци, Битола - Горно и Долно Агларци, Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината. Струја нема и во Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, Парналија.

Тимовите, како што се наведува, веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

27.06.2024 - 19:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега