И тоа е можно во Македонија - Повеќе од 200 лица земале плата а не оделе на работа

 

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во текот на 2023 година ангажирал лица кои добивале плата, но постои сомнеж дека истите не оделе на работа. Ова е една од забелешките на Државниот завод за ревизија.

Според Државниот завод за ревизија, над 200 граѓани добивале плата преку Фондот, а не оделе на работните места.

- Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од Министерство за финансии врз основа на член 9 од Законот за трансформација на работен односсогласно кој институциите можат да ангажираат лица над 1 процент од вкупниот број на вработени и со поголемо времетрање врз основа на обезбедена согласност од МФ. Лицата се ангажирани за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места на Фондот, за кои исплатени се средства во износ од 50.377 илјади денари, велат од таму.

Велат дека иако лицата се ангажирани за извршување на работи и работни задачи согласно актот за систематизација не е извршено соодветно пополнување на испразнетите работни места при што на одредени работни места постои недостаток, а на други превработеност. 

Овие лица исто така немале обврска да достават месечни извештаи за работа.

 

29.01.2025 - 09:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега