ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија
Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните. Ова го врлат денеска од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение за јавноста.
- Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури. Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија. Деструктивните политики на Филипче, СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија. Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението наведуваат дека крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.
- Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне, а неговиот мандат беше обележан со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија. Филипче во паника се обидува да се оправда, но заборава дека нему му се случи модуларната болница. Филипче набавуваше вакцини за ковид од непостоечка фирма во Кина, Филипче беше неспособен да набави вакцини, имаше недостиг на маски за медицинските работници сред ковид пандемија, немаше кислород и болнички кревети, медикаменти, тестови за ковид и опрема. Филипче и СДС местеа тендерите во четири очи, кои ги затскриваа позади здравствената криза. Филипче треба да знае дека оваа влада не работи „како до сега“ и не работи на реверс со кршење закони и крадење ампули, стои во соопштението.
Бараат ЈО да отвори истраги за да се испитаат сите прекршувања на закони, процедури, постапки и тендери во здравството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа