Пронајдени родителите на 3-годишната Марија која се изгуби во грчкиот град Неа Флогита
Пронајдени родителите на 3-годишната Марија која исчезна денеска во грчкиот град Неа Флогита, а ја пронајде Сашко Радуловиќ и објави во групата Грција инфо .
Како што пишуваат во споменатата група, родителите моментално се на пат кон својата ќерка.
„Родителите на малата Марија се пронајдени и се на пат да го соберат детето во полициската станица во Неа Мудања. Фала му на Бога се заврши добро. Посебна благодарност до прекрасните луѓе кои го пронајдоа детето и ја известија полицијата, а преку нашата група и пошироката јавност. Благодарност до сите што ја споделија оваа вест“, пишува во групата Грција инфо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа