Пијан татко го возел 12-годишното дете на трактор во студ - кумановец заработи кривична
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од с.Градиште, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
На 08.02.2025 во атар на с.Кучкарево, Кумановско, пријавениот под дејство на алкохол управувал трактор, на кој го превезувал неговото 12 - годишно дете, а кое останало подолг период на ниски температури и на тој начин го ризикувал неговото здравје.
10.04.2025 - 13:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа