Пешак прегазен кај Костурино - лекарите констатирале смрт

 

44-годишник од селото Јосифово, валандовско загина откако вчера вечер во него удрило патничко моторно возило „фоксваген пасат“.

-Синоќа во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица - Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско. По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица, велат од МВР. 

 

08.05.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега