Пендаровски: Ужасот од Холокаустот нè потсетува на одговорноста да градиме демократски општества

Милионите жртви и ужасот од Холокаустот нè потсетуваат на нашата заедничка историска одговорност да градиме демократски општества во кои антисемитизмот, антициганизмот и расизмот никогаш нема да се повторат, порача Пенадаровски денеска по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 јануари.

Претседателот на својот фејсбук профил истакна дека борбата против сите облици на дискриминација е од особено значење.

-Само со постојана борба против сите облици на дискриминација можеме да обезбедиме почитување на различностите и на човековите права и слободи на секој поединец, стои во објавата.

 

27.01.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа