Владини мерки: По 100 евра сметка во кафеана за секој граѓанин - мерки за поддршка на угостителството во Јужна Кореа

 

Секој полнолетен граѓанин на Јужна Кореја ќе добие по 100 евра (приближно 145.000 корејски вони) за да ги потроши во ресторан – мерка што владата ја воведе како дел од новата економска кампања за зајакнување на угостителскиот сектор.

Целта на оваа иницијатива е да се поттикне домашната потрошувачка и да се помогне на малите и средните ресторани кои претрпеа големи загуби во текот на изминатите години, особено поради ковид-кризата и инфлаторните притисоци.

Средствата ќе бидат распределени преку дигитални ваучери кои граѓаните ќе можат да ги искористат само во регистрирани угостителски објекти, во одреден временски период. Владата очекува дека оваа мерка ќе влијае позитивно на економскиот раст, ќе го зголеми бројот на гости во рестораните и ќе придонесе за заживување на локалната економија.

„Сакаме граѓаните не само да ја поддржат домашната економија, туку и да уживаат во социјални моменти со семејството и пријателите. Ова е економска, но и општествена инвестиција“, изјавија од јужнокорејското Министерство за економија.

 

Мерката ќе се применува во текот на летото, а интересот од јавноста веќе е голем. Угостителските здруженија ја поздравија иницијативата како чекор кон економско закрепнување.

14.07.2025 - 11:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега