11-годишно дете и маж тешко повредени во сообраќајка кај Прилеп

 

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на експресниот пат Прилеп–Градско, кога автомобил „Фолксваген Поло“ со скопски таблички излетал од патот и паднал 40 метри во провалија.

Во несреќата тешко се повредени 11-годишно дете и возачот, кои веднаш се пренесени во скопскиот Клинички центар. Трет патник во возилото се здобил со полесни повреди и е згрижен во велешката болница.

 

Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на местото на несреќата, а подигнати се и докази за утврдување на причините за трагедијата.

14.07.2025 - 10:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега