Изгореа шест куќи во Скопје, во болница пренесени тројца полицајци, малолетник и три возрасни лица

 


Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови.


Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.

14.07.2025 - 13:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега