Две лица повредени во пожар во Злокуќани

 

 

Две лица се повредени во голем пожар кој синоќа околу 20 часот зафати четири семејни куќи на улицата „Скупи“ во скопската населба Злокуќани. Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот започнал во една од куќите, но поради брзото ширење огнот зафатил уште три соседни објекти.

На терен веднаш интервенирале екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а по наредба на надлежните, била исклучена електричната енергија на нисконапонската мрежа во регионот заради безбедност.

Еден од повредените имал изгореници додека другиот се пожалил на вдишан дим. И двајцата се надвор од животна опасност. 

14.07.2025 - 11:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега