Панчо префрлен во Систина на интезивна нега
Пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо е префрлен во скопската клиника Систина каде е поставен на интезивна нега, по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше бендот.
Според изворите на „Локално“, тој засега е во стабилна состојба.
Претходно беше објавено дека тој има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен.
16.03.2025 - 20:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа