Касами за Таравари: Ние не го избркавме, сам излезе и отиде кај ДУИ

 

Биљал Касами негира дека Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е избркана од коалицијата Вреди, бидејќи, според него, Таравари сам излегол и заминал кај ДУИ.

Ова Касами го изјави во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

„Секој што оди кај ДУИ, за да соработува со ДУИ, излегува“, вели Касами.

Новинар: Излегол или вие го избркавте?

„Не, излегол. Тој (Арбен Таравари) сам излезе. За да оди кај Али Ахмети и кај ДУИ. Мора да излезеш одовде за да отидеш таму. Тој го прифати тоа (дека преговара со ДУИ). Тој го прифати… Го прифати“, изјави Касами.

30.04.2025 - 23:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега