Падна одлука: Јапонија го продолжи работниот век на постојните нуклеарни реактори
Работниот век на постојните нуклеарни реактори во Јапонија ќе биде продолжен над сегашната граница од 60 години, според директивата усвоена од Владата, бидејќи државата се повеќе се насочува кон нуклеарната енергија во услови на глобална енергетска криза.
Планот е и изградба на реактор од новата генерација што долгорочно ќе ги замени старите.
Третата по големина светска економија на тој начин целосно го напушта привременото исклучување на нуклеарната енергија што започна по големата катастрофа во Фукушима што се случи во март 2011 година по земјотресот и цунамито.
– Мораме целосно да ја искористиме нуклеарната енергија, изјави премиерот Фумио Кишида.
Јапонија е сиромашна со суровини, па од една страна сака да ја намали својата зависност од увоз на нафта и гас и да избегне недостиг на електрична енергија, а од друга страна сака да ги постигне своите климатски цели, при што планира до 2050 година да ги сведе на нула емисиите на јаглерод диоксид (CO2).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа