Османи за „Еуровиа“: Можете да ме обвините за се, но за корупција не

 

Од медиумите дознав дека фирмата „Еуровиа“ е донатор на ДУИ, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по информациите дека оваа фирма го добила тендерот од 1,8 милиони евра за министерската конференција на ОБСЕ во Скопје.

Министерството, како што рече, нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот, и повтори дека според законската постапка треба да се избере најевтината понуда.

„Кога би било одреден квалитет и цена, вие субјективно одлучувате, но не можете да влијаете врз изборот кога има само цена. И да беше еден денар, немавме можност за поинаков избор. Тука е разликата дури четирипати поевтина“, рече Османи.

Можете да ме обвините за се, но за корупција не можете, ниту кога сум бил и доктор. Таа особина ја немам, и посебно не за ваков важен настан за државата. Знам дека е тешко за верување, но дознав дека фирмата е донатор од вас медиумите. Ги повикувам институциите да истражат се“, вели Османи, само да не се „брука државата“.

Објасни дека не постои закон кој предвидува да се врши ветинг на компаниите кои учествуваат во постапките на јавни набавки, па затоа фирмата не била проверувана туку само била оценета нејзината понуда која е најевтина од останатите три понуди.

„Постапката е крајно транспарентна, Министертсвото нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот. Ова е најважен настан во мојата кариера и никогаш не би дозволил да остави дамка. На службите им реков веднаш да ја пратат целата документација до Антикорупциска комисија и Обвинителството. И вие да бевте на мое место ќе немавте друг избор, ќе го направевте тој избор, инаку ќе одговоравте. Еве, да донесеме закон за компаниите што донираат на партии да не може да учествуваат на тендери. Знам дека не ви се верува, јас од медиуми дознав дека фирмата е донатор на ДУИ. Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирање, оти ги очекував ваквите реакции“, рече Османи.

30.08.2023 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега