Опасност во сообраќајот: Сообраќајниот тунел на обиколницата Прилеп-Ресен, над Битола е без светлосна и сообраќајна сигнализација
Сообраќајниот тунел на обиколницата Прилеп-Ресен, над Битола е без светлосна и сообраќајна сигнализација, и е небезбеден.
Државниот пат на оваа делница е фреквентен, но обиколницата се користи со максимална претпазливост, реагираат учесници во сообраќајот, бидејќи како што посочуваат освен што тунелот е целосно неосветелен и без предупредувачка сообраќајна сигнализација, тој е и опасен бидејќи низ тунелот, во текот на денот, но и ноќе, се движи дел од локалното население.
За потсетување, пролетоска, жител од селото Ивањевци пријави дека во близина на тунелот, неколку лица фрлале тврди предмети кон неговото возило и го оштетиле, а настанот беше евидентиран во сообраќајниот билтен на СВР-Битола.
Сообраќајниот тунел на битолската обиколница се наоѓа кај месноста викана „Германски гробишта“, приодот по коловозот до тунелот често е неуреден со расфрлан смет и цврст отпадок. Последен пат за подобрување на безбедноста на овој сообраќајниот тунел беше интервенирано во месец октомври 2016 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа