Од денеска почнува новиот начин на издавање лични карти за жителите на Скопје

 


МВР информира дека од денеска почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

„Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи. 

11.03.2024 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега