Објавени се даночните пријави на екс претседателот на САД, Доналд Трамп

 

 

Демократите во Конгресот денеска ги објавија даночните пријави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за период од шест години.

Извештаите вклучуваат некои чувствителни лични информации, како што се броеви за социјално осигурување и броеви на банкарски сметки од 2015 до 2020 година, објави АП.

Тие вклучуваат речиси 6.000 страници, вклучувајќи повеќе од 2.700 страници со индивидуални извештаи од Трамп и неговата сопруга Меланија и повеќе од 3.000 страници од деловните субјекти на Трамп.

Демократите во Даночниот комитет тврдеа дека транспарентноста и владеењето на правото се во прашање, додека републиканците возвратија дека тоа претставува опасен преседан за губење на заштитата на приватноста.

Трамп одби да ги објави своите даночни пријави кога се кандидираше за претседател и водеше правна битка да ги задржи во тајност додека беше во Белата куќа.

Сепак, Врховниот суд минатиот месец одлучи дека тие мора да бидат предадени на даночната комисија, пренесува Танјуг.

 

30.12.2022 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега