Ново убиство ја потресе Германија: Убиени четири лица

 


Ново убиство ја потресе Германија откако војник уби четири лица.
Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и Обвинителството.

Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург.

Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството.

Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.

01.03.2024 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега