Екс премиерот на Бугарија имал страшна сообраќајка: Тројца загинати

 

Поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која има најмалку тројца загинати, јавуваат тамошните медиуми.

Според БТВ, загинал шоверот на Петков, како и две лица во другиот автомобил. Според првичните информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60 години излегол на патот, иако немал предност.

Петков се здобил со повреди но засега нема информации во каква точна здравствена состојба е поранешниот бугарски премиер. Пред речиси еден месец и другиот копретседател на Промените продолжуваат Асен Василев учествуваше во верижна сообраќајна несреќа, која помина само со материјална штета.

16.05.2024 - 17:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега