Подгответе се: Доаѓа студен бран со врнежи од снег
Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од државава, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Преку денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд, кои повремено ќе преминуваат во снег. Слаб снег ќе има и во текот на ноќта понекаде во планинските региони.
-Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, соопшти УХМР.
Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува.
-Од овие врнежи постојната снежна покривка ќе се прошири, особено на северозапад, и потоа и на исток и понекаде и на повисоките места. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време, со ниски утрински температури, прогнозира УХМР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа