Нова мистерија во случајот со убиството на Вања - кабелот бил исечен од камерата која гледала право во влезот на зградата

 


На судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеше поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања.

Тој во своето сведочење ја издвои сликата на која се гледа камера која гледа во влезот од зградата од која била киднапирана Вања, меѓутоа, кога дошле до сопственикот увиделе дека немало струја бидејќи кабелот бил исечен.

-Отидовме до самиот објект кој беше спроти влезот и камерата гледаше точно кон влезот, Александар се понуди и рече јас ќе се погрижам. Стапивме во контакт, лицето се согласи да го даде снимките. Кога пристигна лицето и го отвори тој објект и додека го отвораше виде дека нема струја, кабелот бил исечен од камерата, рече тој.

16.10.2024 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега