Донирајте паметно - ова им е најпотребно на погодените од поплавите
Храна, средства за хигиена, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна и вода за пиење. Ова се производите кои им се најпотребни на погодените од катастрофалните поплави во Србија и Босна и Херцеговина, информираат од Црвениот крст на Македонија.
За таа цел, Црвениот крст на РМ отвори собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје кој е лоциран во магацинот на организацијата во Момин Поток. Помош може да се донира и во општинските организации на Црвениот крст на Македонија. Преку повик на посебни телефонски броеви 075/070/077 143 400 може да се донираат по 100 денари. Парична помош може да се уплати и преку жиро сметка на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа