Гостивар: Дале 5000 евра за странски документи - добиле фалсификати
Вчера во 17.20 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Н.А.(44), постапувајќи по претходна пријава од 20 - годишник од истото село дека во мај 2024 тој и неговиот татко биле измамени од Н.А. за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, тој им ги побарал парите за да им посредува за издавање странски документи, а откако им биле издадени било констатирано дека се фалсификувани. Со судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во домот на Н.А., при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа