Братучедот на Вања му пишал на Илон Маск за да го смири Александар

 


На денешното рочиште за убиството на Панче и Вања сведочеше сведокот Иво Нешковиќ, внук на Александар, кој сподели дека се ангажирал во пребарување на интернет за сѐ што е поврзано со Вања. - Мајка ми ме извести дека Вања ја нема, можеш ли да помогнеш некако затоа што мојата експертиза е софтверски инжинеринг, рече тој.

Дополни дека ги нашол формуларите на Ејпл преку кои може да се побара да се пронајде локација и на исклучен ајфон и ги дал да се пратат од владина електронска пошта. 

-Ејпл има безбедносен систем да може да се лоцира иако е исклучен. Ги најдов формуларите, им ги пратив да ги испратат од владин емаил. Исто така се понудив да ми дадат пристап до компјутерот на Вања да најдам податоци низ нејзините разговори. Седев цело време на интернет, ги пратев сите објави . Кажав дека ќе бидам филтер за сите што пишуваат на Фејсбук, рече тој, дополнувајќи дека пишал и на една од компаниите на Илон Маск, со цел да го смири Александар, за кого рече дека бил во агонија. 

Прашан дали се познава со Палевски и дали Александар му кажал дека комуницирал некогаш со него, одговори негативно.

15.11.2024 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега