Тошковски: 200 илјади граѓани се уште ги немаат променето возачките дозволи со новото уставно име

 


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција информираше дека негде од прилика околу 200 илјади возачки дозволи кои се активни во овој момент се уште се со старото уставно име и согласно законска легислатива треба да се променат со новото уставно име.

МВР во изминатиов период ги обезбеди сите потребни услови за да им овозможи на граѓаните нормален и достоинствен пристап до институцијата, да им ги овозможи обрасците коишто претходно ги немаше, да инсталира и стави во функција нова машина која што машина за персонализација на возачки дозволи и на лични карти да речеме дека во најмала рака го типлира капацитетот којшто сме го имале претходно, рече Тошковски.

„Сега од прилика можеме на дневна основа да произведеме во доколку е потребно во две смени негде околу 12 илјади возачки дозволи. Тоа би значело дека сме спремни за помалку од 20 дена доколку граѓаните поднесат барање да ги издадеме сите возачки дозволи, а притоа знаете сите не е повеќе тема во јавноста и драго ни е што не е повеќе тема во јавноста дека гужви пред шалтери на МВР споредено со тоа што беше хаосот од претходно нема“, нагласи Тошковски.

Министерот ги замолува граѓаните да пристапат и поднесат барање до МВР и да го отпочнат процесот со вадење на возачка дозвола која што согласно закон ќе може да ја употребуваат и во иднина.

„И мене не ми е драго што не е така. Гледам некои портали упорно ме напаѓаат заради тоа што сум повикувал луѓето да извадат возачки дозволи со новото уставно име, но јас не сум ниту лажго, не сум ниту магионичар да направам нешто поинаку надвор од важечки Устав и важечки закон. Секогаш имам искрен пристап према моите граѓани и заради тоа ги повикувам колку и да не ми е драго да постапат согласно закон заради тоа што само така можеме да одиме напред. Почитувајќи го законот, важејќи на тој пусти закон еднаквост за сите можеме да чекориме таму кај што сакаме да чекориме – кон нормални вредности и кон нормализација на оваа наша убава Македонија. Друго чаре немаме“, потенцираше Тошковски.

15.11.2024 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега