ВИДЕО: Нијагара во Србија - погледнете што прават поплавите

Бројот на луѓе, евакуирани поради поплавите во Србија достигна 440 лица, а досега нема жртви, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби при српското МВР Предраг Мариќ.

Тој истакна дека поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија е отежнато и снабдувањето со вода за пиење во загрозените реони.

Поради новонастанатата ситуација денеска во Белград ќе заседава штабот за вонредни состојби, кој ќе биде претседаван од премиерот во оставка Ивица Дачиќ.

Сите основни кризни точки - Куршумлија, Прокупље, Лучани и Заечар, кои во изминатите денови беа загрозени од поплавите, се забележува стабилизирање на нивото на водата, додаде Мариќ.

20.04.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега