Македонец починал во автобус на релација Германија - Македонија
Утрово околу 10 часот наутро кај Михајловац, Србија, 70-годишен маж, патник во автобус кој се движел од Германија кон Македонија, починал во возилото.
Според српските медиуми, мажот е македонски државјанин од Струга. Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, каде сопатниците забележале дека мажот се чувствува лошо и веднаш се обиделе да му помогнат.
По околу 30 минути, на местото пристигнала итната медицинска помош и полициски службеници, кои се обиделе да го реанимираат, но за жал, обидите биле неуспешни.
Причина за смртта не е утврдена, а телото е предадено на обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа