Движењето „Кој е следен?“ со герила акција утре пред ОЈО

 

Движењето „Кој е Следен?“ ги повикува граѓаните да присуствуваат на симболичен перформанс кој ќе се одржи утре, со почеток во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство во Скопје.

Како што велат, со оваа герила акција имаат за цел да ги потсетат македонските граѓани дека нашето движење нема да престане да врши притисок и да се залага за правда за сите жртви на системската корупција.

„Крајно време е граѓаните на нашата Македонија да се освестат – корупцијата и моќта убиваат!

На два месеци од трагичната и траорна несреќа во таканаречената дискотека „Пулс“ во Кочани, потсетуваме дека секој од нас може да е следен, а никој од нас не сака да да биде нова жртва на т.н. систем и соодветните институции. 

Безбедноста мора да е загарантирано право на секој граѓанин и ние нема да престанеме да работиме во таа насока. Институциите треба да ни служат на сите и сите треба да живееме во безбедни градови, во животна средина која ја чуваме и во праведен систем во кој сме еднакви и слободни.                                                  

„Кој е Следен?“ ќе се залага за ова додека не стане реалност.

Ве повикуваме да ни се придружите на нашето симболично оддавање на почит на 16 мај во 12 часот пред ОЈО Скопје. 

Од „Кој е Следен?“ ги повикуваме граѓаните да им се придружат и на родителите на загинатите во Кочани, кои секоја сабота во 16:05 се собираат во Паркот на револуцијата и маршираат низ улиците на градот Кочани барајќи неселективна правда“, велат од Движењето.

15.05.2025 - 19:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега