На Дојранското езеро ќе се гради првата жичница на вода во Македонија

 

Дојран ќе влезе во списокот на светските туристички дестинации познати по забавите на вода откако на Дојранското езеро ќе биде изградена првата жичница на вода, во Македонија. 

Ваквиот проект беше одобрен од страна на заедничкиот мониторинг комитет со седиште во Солун, со кој општина Дојран аплицираше на ИПА повикот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, во соработка со општина Кукуш. Неговата реализација ќе почне веднаш по собирање и подготовката на целокупната документација.

Популарно наречениот „кејбл парк“   е забавен парк каде посетителите со помош на специјална опрема што ќе ја поседуваат или изнајмуваат, со помош на електрично управувани кабли, ќе можат да скијаат на вода преку целата година. Спортот е многу популарен во Европа, а Дојран ќе биде првото туристичко место во земјава што ќе ја нуди оваа забава.

11.04.2014 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега