Грците се жалат од атмосферата и судењето во салата „Кале“
Непријателската атмосфера на трибините и лошите одлуки на судиите се причина за неуспехот, сметаат Грците кои не најдоа сили спортски да го прифатат поразот кој вчера го доживеаа во салата Кале.
-Многу емоции и провокации од трибините од 3.000 жешки навивачи имаше за нашите момчиња. Кога на таа зовриена атмосфера ќе со додадт и непријателски расположените кон нас судии, тогаш јасно е дека не може да бараме нешто повеќе. Во секој случај нашите млади момчиња демонстрираат квалитетен ракомет во Скопје“ – вели Костас Виолитис член на Извршниот одбор на нивната федерација, во изјава која ја пренесува порталот „Екипа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа