Скопската полиција вчера “ловеше“ лоши момци - тројца скопјани зад решетки

 

Скопската полиција во последните 24 часа уловила тројца скопјани кои треба да одлежат затворска казна.

Скопската полиција денеска го лишила од слобода 40 годишниот скопјанец Феми Б., кој се барал за издржување затворска казна од три години, поради извршени кражби.

Вчера, полицијата го уапсила 22 годишниот скопјанец Александар З. кој треба да одлежи затворска казна во траење од една година и два месеци, поради извршена тешка кражба. 

Скопската полиција вчера го уловила и 49 годишниот скопјанец Азем К. кој треба да одлежи казна затвор од две години и 9 месеци, поради злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување.

Скопјаните биле пренесени во Затвор - Скопје.

 

 

28.03.2014 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега