Прв случај на заболен од бруцелоза годинава во Велешко

 

Во Велес и велешко од почетокот на годинава, досега, еден сточар е заболен од бруцелоза, покажуваат податоците од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес. Бруцелозата во последните неколку години во Велес и велешко е сведена на минимум, што е  резултат на одличната соработка на Центарот за јавно здрвје-Велес со ветеринарните екипи од градот кои континуирано работат на превенција и вакцинација на стоката за сузбивање на болеста.

Ова денеска го изјави епидемиологот Билјана Трајкова која истакна дека минатата година имало само двајца заболени, а така било и претходните неколку  години.

- Само до пред седум години во овој реон годишно имаше и по 40 лица заболени од бруцелоза, што укажува дека болеста е сведена на минимум, потенцира д-р Трајкова.

Доктор Трајкова апелира до граѓаните да внимаваат што и од каде купуваат и консумираат, посебно младо сирење кое не е отстоено три месеци.

27.03.2014 - 15:14
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега